Кога не гаснат пожари, пожарникарите од Кавадарци работат друга општокорисна работа, информираат од кавадаречката локална самоуправа.
Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци велат дека кога нема пожари нивни пожарникари се вклучени во други работни активности кои се неопходни за подобро живеење на сите кавадарчани.
-Постојано работиме на подигнување на противпожарната свест и превенцијата со цел што помалку пожари. При гаснењето пожари се трудиме да реагираме најбрзо и најдобро што можеме. Во меѓувреме, доколку условите го дозволуваат тоа и имаме солидна бројност на пожарникари во смена, водиме грижа и за сообраќајната сигнализација, нагласија од противпожарната единица.