Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас изјави денеска дека „важно е што дојдовме до нови избори во Белград, а дали тие ќе се одржат за шест или девет месеци е помалку важно„ отколку „ можноста дали ќе имаме имаме редовни избори„ во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-На изборите ќе се оди со формиран привремен орган, кој ќе управува со Белград, составен од власта и опозицијата, но тоа не е доволно. Мора да се проверат избирачките списоци, паритетно да се формираат органи што ќе ги спроведат изборите, да се подобри медиумската слика, изјави Ѓилас за весникот Нова.
Тој кажа и дека претседателот на Народната странка Вук Јеремиќ и таа партија „во овие две недели од завршувањето на изборите јасно покажале што мислат за него и за ССП“.
-Мислам дека ќе беше фер сето она што им пречеше да го кажаа во времето кога ја правевме коалицијата (Обединети за победа на Белград) и да не излегоа на изборите заедно со нас, изјави Ѓилас.