Во Националната палата на култура во клубот „Софија лајв клуб“ во Софија синоќа концерт одржа македонска џез група „Сетстат“, на кој беа промовирани песните што ќе бидат дел од нивниот нов 11-ти албум.
Концертот се одржа во рамките на фестивалот „Аларм панк џез“ на Бугарското национално радио, кој е посветен на размената и зближувањето меѓу џез групите од Бугарија и Македонија.
Културно информативниот центар на Македонија во Бугарија е традиционален партнер, јави дописникот на МИА.
Џез групата е составена од музичарите Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов – тапани.
Владан Дробицки за МИА во Софија изјави дека песните од нивниот нов албум се уште не се насловени, но тој и неговите колеги од бендот се среќни што оставиле толку добар впечаток во Бугарија. Публиката во Софија беше импресионирана од песните „Пента“, „Африка“ и „Браун шеќер“. По концертот, џез групата изведе уште четири песни.