На eтнолошката изложба „Велигденско јајце-2022“ што се организира по повод празникот Велигден и на која зедоа учество повеќе од 80 ученици и повозрасни деца од градинката во Македонски Брод, јајцето на Никола Мисајлески ученик од 4-то одделение беше прогласено за најубаво велигденско јајце.

– Во малата сала од Домот на културата во Македонски Брод денеска беше организирана етнолошка изложба Велигденско јајце по повод големиот христијански празник Велигден. Во изедначена конкуренција и со учество од над 80 велигденски јајца за најубаво беше прогласено јајцето на Никола Мисајлески ученик во 4-то одделение во ОУ во Македонски Брод – истакна Милена Стојческа директорка на Домот на културата.

Таа додаде дека на оваа етнолошка изложба се прогласени и најубави велигденски јајца за ученици од 1-во до 5-то одделение, од 5-то до 9-то одделение, од градинката и од средното училиште, како и велигденско јајце од граѓани.

– Најубавото јајце во категорија за ученици од 1-во до 5-то одделение е на Петар и Бојан Трајаноски, во категорија за ученици од 5-то до 9-то одделение ученичката од 8-мо одделение Марија Матеска го имаше најубавото јајце, додека од градинката Галина Ѓурчиноска од групата Весели ѕвончиња го имаше најубавото јајце, како и Теа Ставреска од 1-ва година од СОУ „Свети Климент Охридски“ помеѓу средношколците. Најубавото јајце од група граѓани го имаше Елена Аврамоски – додаде директорката Стојческа.

За најуспешните на оваа изложба покрај пофалници беа доделени и книги.