Албанија од 1 мај ќе ги либерализира туристичките визи со 8 земји во светот, информираше министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, која нагласи дека со тоа ќе се отвори пат за илјадници туристи.

Меѓу другото, Кумбаро додаде дека ќе се олесни начинот на аплицирање од страна на конзуларните служби.

-Донесовме одлука, или поконкретно ја потврдивме одлука што беше донесена минатата година за либерализација на туристичките визи со 8 земји. За туристички цели е олеснет и онлајн системот што го обезбедуваат конзуларните служби. До 31 декември без визи ќе доаѓаат туристи од Индија, Арабија, Катар и други земји, изјави Кумбаро.

На влада, посочи таа се разговарало и за обврската, при влез во државата, да се покаже сертификат за вакцинација против Ковид-19.

-Барањето за укинување на оваа мерка беше упатено до Комитетот на експерти. Имајќи ја предвид стабилната епидемиолошка состојба очекуваме одлуката да биде донесена деновиве. Почнувајќи од мај, можеме да ја укинеме и оваа обврска, посочи министерката.

Деновиве до Комитетот на експерти за справување со пандемијата се обрати и асоцијацијата на туристичките работници.

Тие побараа укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, коко и за негативни ПЦР и

антиген тестови за сите домашни и странски државјани, при влез во земјата, како и забраната за музика по 23 часот.