Здружението на ликовни уметници на град Тетово ги повикува сите членови за учество на ревијална изложба „Пролетен салон“ со нивни нови уметнички дела. Уметниците имаат слободен избор на темата која ќе ја претстават.

-Условите се уметничките дела да не биле претходно изложени, да имаат соодветни димензии (100 сантиметри ширина и до 160 сантиметри висина). Крајниот рок на достава е 4-ти мај, информираат од Здружението.

Ревијалната изложба е предвидена за 17 мај во националната установа Уметничка Галерија Тетово.