Влошена е здравствената состојба на поранешниот албански претседател Бујар Нишани, па за поспецијализиран третман денеска е транспортиран во Германија.
Нишани во средата вечерта беше итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана поради пост ковид билатерална пневмонија со респираторна исуфициенца и бил на постојана кислородна поддршка.
Нишани (56) беше претседател на Албанија од 2012 до 2017 година.