Сопствениците на недвижен имот од Берово го одложија денешниот протест со блокада на патот до Беровско Езеро. Целта, како што информираа од иницијативниот одбор е да им се излезе во пресрет на празниците на сите сопственици на викендици и на сите туристи и посетители на градот.
Мирниот протест на кој ќе ги повторат своите барања нивните имоти да бидат изземени од одлуката за Заштитен предел „Малешево”, како што додадоа од иницијативниот одбор ќе продолжи во текот на следната недела после празниците. Претходно, по одржаната средба со градоначалникот на Берово и претставници на Министерството за животна средина, сопствениците на приватен на недвижен приватен имот не добија конкретна понуда за решавање на проблемот со нивните имоти, поради што во текот на вчерашниот ден, го блокираа патот до Беровско Езеро пропуштајки само пешаци, додека во периодот од 15 до 23 часот имаше забрана за поминување на автомобили кон туристичкиот локалитет Беровско Езеро.