За најголемиот христијански празник Велигден, црковниот храм„ Свети Петар и Павле“ организира богата програма која ќе се одвива во деновите пред празникот и во трите дена на Велигден,потврди отец Александар Матески.
-Православната христијанска црква се наоѓа пред прагот на големиот празник-празникот над празниците Велигден,па таа зема учество во последните денови од земниот Христов живот овде на земјата со богослужбениот редослед за овој празник ,наведе отец Матескии и детално ја презентира програмата за Велигден.
-Така и православниот храм„ Свети апостоли Петар и Павле“ од Кичево го следи богослужбениот живот на црквата и почнувајќи од Велики четврток учествува во истиот богослужбен редослед.Велики петок 7,30,царски часови,20 часот Христово оплакување(опело),Велика сабота утрена богослужба со Василева Литургија 7,00 часот. Велигден Објавување на Воскресението Христово со литургија во 00,00 часот.Прва ден Велигден Света Божествена Литургија 7,00 часот и второ Воскресение 14,00 часот.Втор ден Велигден утрена богослужба со Света Божествена Литургија во 7,00 и Вечерна Богослужба во 18 часот.На трет ден утрена Богослужба со Света Божествена Литургија во 7,00 часот-рече старешината на црковниот храм во Кичево отец Александар Матески