Во Делчево е во тек акција за собирање средства за обнова на црквата „Св. Атанасиј“ во село Нов Истевник. Од Црковниот одбор информираа дека акцијата е покрената за да се возобнови црквата која целосно изгоре во пожарот минатото лето.
– Црквата „Св. Атанасиј“ во село Нов Истевник изгоре во пожар кој минатото лето го зафати поширокото опкружување на неколку села во Делчевско. Поради тоа што изгоре речиси до темел, повеќе од потребно е нејзино возобновување, бидејќи е единствено културно наследство од ваков тип, истакнаа од црковниот одбор во село Нов Истевник.
Сите кои сакаат да придонесат за обнова на црквата може да донираат на отворената сметка за таа намена.
– Донациите се собираат на сметката на Комерцијална банка А.Д. Скопје, со број 30005707382340 на име Киро Гоцевски додека за донаторите од странство отворен е бројот IBAN:MK07300301053980584. BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XKOB. Се надеваме дека ќе ги собереме донациите со цел што побрзо да започнеме со обнова на црквата, додадоа од Црковниот одбор. Од пожарот минатото лето во село Нов Истевник беше зафатена поголема дрвна површина од која дел во државна сопственост, дел приватен имот, за што е во тек постапка за надомест на штетата.