Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, соопшти УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени, информираат од УХМР.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

-До среда ќе преовладува сончево и топло време. Утре попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд, известуваат од УХМР.