Од 3-ти до 31-ви мај, еден од најпрестижните музеи во Букурешт, Националниот Музеј на Романската Литература (MNLR), ќе ja постави изложбата „Илустрации од македонската литература за деца (90-тите години на XX век)“.
Романските посетители ќе имаат можност да ги видат илустрациитена Васко Ташковски, Душан Петричиќ, Михајло Писањук, Душан Петричиќ, Михајло Писањук, Бранислав Мојсиловиќ, Лилјана Манзаловиќи други, автори кои твореле во вој период во рамките на тогашниот бастион на детската литература, книгоиздателството „Детска радост“.
- Оваa изложба е прв дел од овој проект, каде се застапени уметницикои првично се соочиле со овој предизвик и уметници кои биле поканети да илустрираат кај нас од поранешните републики на некогашна Југославија – вели еден од кураторите, Јане Теохаревски.
- Многу сум среќна што Националниот Музеј на Романската Литература го прифати со задоволство овој мој проект и, што успеавме (прилично доцна) да се пробиеме во неговиот календар на настани, откако кај нас, за жал, овој обид не беше препознат...Инаку, овој тип на музеј покрај постојаната поставка во резидентната зграда, има три депанданси каде што се одржуваат широк дијапазон литературни настани и ликовни изложби, а понекогаш поради нивната обемност, тие се одржуваат паралелно, и во `седиштето` и во депандансите. Ни се виде досетлива нивната идеја уметноста да се презентира и во конзумерски мега простор на денешнината, во мол. Така, оваа изложба ќе биде стацио- нирана во нивниот официјален депанданс, `Букурешт мол `, најстариот во овој град. Изложбата е по повод 1 Јуни, Денот на детето што, и во Романија и кај нас се прославува на овој датум`- дополнува вториот куратор, Марика Теохаревска.
Изложбата е помогната од „Витаминка“- Прилеп и нашата амбасада во Букурешт