Културниот информативен центар – Скопје го пушти во употреба првиот електронски културен магазин, насловен „Скопје култ“ – водич за сите културните случувања во градските културни установи во Скопје.

-Првиот број на „Скопје култ“ е издание за месеците април-мај 2022 година, во формат на колор-издание, кое ќе излегува како двомесечник, во електронска форма, а ќе може да се преземе бесплатно на социјалните мрежи на КИЦ, а во моментов е достапен на следниов линк, информираат од КИЦ – Скопје.

Во тековната 2022 година се предвидени пет броја, од кои четири двомесечни и еден декемвриски, како специјално ретроспективно издание.