Театарот „Чекори” вечерва премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава „Гласови” во режија на Маја Ѓурчевска.
Во претставата улогите ги толкуваат катерите Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Инспициент е Ангела Наумовска, а тон и светло мајстор е Михаил Митевски. Делото спаѓа во жанрот комедија.
Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во рамки на Домот на култура „Димитар Влахов”.
Со своето 48-годишно постоење Театар „Чекори” е најстариот алтернативен театар во земјава.