Бугарска делегација, предводена од министерот за одбрана Драгомир Заков, заминува денеска во дводневна официјална посета на Романија, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата на бугарскиот министер е на покана на неговиот колега, министерот на националната одбрана на Романија, Василе Денку.
На средбата ќе се разговара за прашања од заемен интерес, како и за актуелни теми од агендата на НАТО, Европската Унија и балканскиот регион.