По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 ќе се одржи промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19.00 часот во Промотивниот центар во Арена Борис Трајковски.

Настанот е во организација на ,,Арс Ламина,, - Скопје.

На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев итн

Саемот на книга ќе се одржи во АРЕНА Борис Трајковски од 3 до 9 мај.

Работно време за посетители на саемот е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.