Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечер во 18:00 часот,ќе присуствува на премиерата на документарниот филм „Барка – извор на живот“ во Кино Фросина во МКЦ.

Филмот, снимен во Фондацијата „Барка“ во Полска, ја раскажува успешната 30-годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено за членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.

По тој повод, како што информираат од МТСП, пред почетокот на проекцијата воведно обраќање ќе имаат, министерката Тренчевска, претставник на Амбасадата на Полска во Скопје, режисерот Небојша Јовановиќ и претседателката на здружението „Барка“, Барбара Садовска.

Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Полска во земјава со поддршка на фондацијата „Барка“, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.