Премиерката на Србија во владата на заминување, Ана Брнабиќ денеска изјави дека целта на помошникот државен секретар на САД за односи со Европа и Азија, Карен Донфрид, која беше во официјална посета на нивната држава е взаемното признавање на Србија и Косово, пренесе дописникот на МИА од Белград. Помошникот државен секретар Карен Донфрид е во посета на регионот на Западен Балкан од 25-ти до 29-ти април. Таа вчера беше во Косово, а по Белград ќе ги посети Босна и Херцеговина (27 април), Северна Македонија, Албанија (28 април) и Црна Гора (29 април).
Според неа, ставот на САД по тоа прашање многу помага да се врати Приштина на преговарачка маса и да се продолжи дијалогот, „колку и да Србија не се согласува со САД за некои основни прашања”.
Брнабиќ, која вчера се сретна со Донфрид, истакна дека поголемиот дел од тој состанок бил посветен на економијата и информатичките технологии и додаде дека во наредните недели ќе се види поголемо присуство на американски компании во Србија