Амбасадорката на Израел Симоне Франкел денеска се сретна со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а главна тема на разговорот беше идната соработка меѓу Израел и Општина Штип. Јоданов истакна дека од огромно значење е поддршка која Израел ја дава на Општина Штип и на Македонија.

-Остваривме заедничка средба и со претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви. На средбата разговаравме за идната соработка којшто треба да се продлабочи на економски, културен, здравствен, образовен план. Досегашната соработка која ја имаме со еврејската заедница, која има оставено длабоки траги во функционирањето на нашата општина, и треба да се даде поголемо значење во идниот период, вели Јорданов.

Амбасадорката Франкел вели дека ова и е прва посета на Штип и впечатоците се одлични. Најави дека соработка ќе продолжи и во иднина.

-Големо е Вашето почитување на нашата Еврејска заедница, се запознавме со сите ваши културни и други аспекти во градот, дека тоа е универзитетски град. Го почитувате вашето наследство и еврејското и во иднина ќе соработуваме, вели Франкел.

По средбата, амбасадорката Франкел заедно со градоначалникот на Општина Штип ги посетија еврејски гробишта.

За два дена ова е втора посета на Општина Штип од странски амбасадор. Со ова како што истакна Јорданов се продлабочува соработката и се најавува зголемување на инвестициите во Штип.