Стручните служби од Сектор пајак на ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со надлежните од Град Скопје, денес отстранија непрописно паркирани возила на јавни површини во централното градско подрачје, поточно во паркот Ибни Пајко.

Апелираме до граѓаните да не паркираат на јавни и зелени површини. По сите непрописно паркирани возила ќе биде соодветно постапено од страна на службите на претпријатието во соработка со Град Скопје и службите од локалната самоуправа.