Во просториите на Стопанска комора на Македонија денеска ќе се одржи втора последователна сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“.
Оваа сесија се организира во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Како што соопштија од Центарот за развој на Скопскиот плански регион, на оваа сесијата ќе бидат презентирани концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на концептите од листата на проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС.
На сесијата, исто така, ќе биде дадено образложение за критериуми за избор на проекти од Грантова шема како и начинот на гласање. По дискусијата за презентираните проекти ќе се изврши избирање т.е. рангирање на концептните решенија од грантовата шема.
-Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.