Изложба на слики насловена „Цвеќиња“ од кавадарчанката Стефанка Коцева беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци.
Директорката на Домот на културата, Јулијана Туриманџова рече дека секој цвет од сликите на авторката е со своја приказна за себе, секој цвет е различен.
-Стефанка се вложила максимално, додека го креирала овој цветен аранжман, за ние да уживаме во него, додаде Туриманџова.
Ликовниот уметник Владимир Темков, нагласи дека во Коцева се крие голема дарба на уметник.
Во своето обраќање кон присутните, авторката откри дека изложбата е посветена на нејзиниот покоен татко.