Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој престојува во Тирана, посетата ја почна со средба со претставниците на институциите кои го спроведуваат процесот на ветинг.
Вархеји на Твитер ја потврди поддршката на ЕУ за судството и рече дека треба да се запрат нападите врз институците за проверка и нивните членови или семејства.
– Ја почнав мојата посета во Тирана со добра размена на мислења со институциите за проверка. Ја потврдувам целосната и силна поддршка на ЕУ. Интегритетот на судиите и обвинителите е клучен за иднината на Албанија во ЕУ. Нападите врз институциите за проверка, нивните членови или семејства мора да престанат, напиша еврокомесарот.
Попладнево планирана е средба со премиерот Еди Рама.