Изградба на спомен одбележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и на припадниците на МВР од настаните во „Диво Насеље“ 2015 година во Куманово, најави градоначалник Максим Димитриевски.

Тој на социјалните мрежи изрази почит за осумтеминa загинати припадници на безбедносните служби кај Вејце од конфликтот од 2001 година. Димитриевски најави дека очекува едногласна поддршка од сите политички партии за изградба на спомен-обележје и за бранителите од 2001 година како и за припадниците на безбедносните служби кои загинаа во Куманово на 9 и 10 мај во кумановско „Диво Насеље“.

– Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните „ЗАПВАРС“ од Куманово за изградба на спомен обележје на сите кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од кумановските настани од 2015 година. Тие нѐ задолжија, тоа е наша обврска која до ден денес не е исполнета, вели Димитриевски.

Годинава ќе се одбележат седум години од настаните од 9 и 10 мај 2015 во кумановско „Диво Насеље“.