Јавниот градски паркинг во Струга за Рамазан Бајрам ќе биде бесплатен, соопшти денеска јавното претпријатие „Еко Струга“.

Според информацијата на претпријатието, во Струга паркинг нема да се наплаќа в недела и во понеделник.

– По повод празникот Рамазан Бајрам, паркинзите нема да се наплаќаат в недела и понеделник – 1 и 2 мај, стои во соопштението на ЈП „Еко Струга“.