Владата во Данска денеска беше реконструирана откако министерот за правда Ник Хакеруп го поднесе оставка за да стане нов шеф на Здружението на дански пивари. Тоа е втора реконструкција на владата откако Фредериксен ја презеде функцијата премиерка на 27 јуни 2019 година.

Премиерката Мете Фредериксен го избра министерот за интеграции Матијас Тесфај за нов министер за правда, кој ќе го замени Хакеруп.

Министерот за семејни прашања Каре Дидвад стана нов министер за интеграции, а на негово место дојде пратеникот Кристијан Рајерг Мадсен.