Во посета на познатиот Бигорски манастир беше поранешниот премиер Владо Бучковски, придружуван од македонскиот писател и автор на литература за деца Васил Мукаетов и доајенот на македонското новинарство Киро Кипровски, информираше отец Кирил од свештената бигорска Обител.

-Ценетите гости беа срдечно примени од страна на нашот старец и игумен, епископ Антаниски г. Партениј во неговата работна просторија. Цел на пријателската посета на нашите гости, меѓу другото, беше да му ги честитаат велигденските празнувања на нашиот старец и на братството, додава отецот Кирил.

Писателот Мукаетов, во оваа прилика, му подарил збирка песни посветени на илјадагодишниот јубилеј на Бигорски.

– Според авторот, песните биле вдахновени од долгата и славна историја на нашето Светилиште и од чествувањата поврзани со јубилејот. Нивната намена е децата низ стиховите да научат нешто повеќе за нашата свештена историја и барем малку да се оттргнат од бесполезното седење пред компјутерските и телевизиски екрани, нагласува отец Кирил.

Во ова наше древно светилиште пред, за и по велигденските празници престојуваат голем број верници и гости, а вечерта на Христовото воскресение имаше околу три илјади од сите делови на државава