Младиот уметник и етнокореолог Бојан Петковски од Скопје, денеска, пред гевгелиската публика се претстави со изложба на фотографии насловена „Реинкарнација“ и со промовирање на кусиот филм „Не плети лесо“.

Изложените фотографии и промовираниот филм претставуваат приказ на настани од традиционалната уметност и материјалната култура во 19 и 20 век што ги собирал, селектирал и создавал младиот уметник и етнокореолог Бојан Петковски.

Изложбата „Реинкарнација“ претставува селекција на фотографии од автентични ситуации на носење традиционални носии од неколку етнички предели во Скопско и западниот дел од земјата, додека краткометражниот филм „Не плети лесо“, прикажува свадбен обред од етничкиот предел Дурачка река.

Целиот проект, кој е во организација на Домот на културата, е симбиоза на научно – истражувачка и собирачка дејност, како и концепт за негово презентирање од страна на авторот.