Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел најави дека повеќе руски банки ќе бидат исклучени од СВИФТ.
За време на посетата на Латинска Америка, Борел не прецизираше кои руски банки ќе бидат исклучени од тој банкарски систем, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на венецуелскиот канал ВПИ.
-Во финансискиот сектор повеќе руски банки ќе бидат исклучени од системот СВИФТ, а во енергетскиот сектор бараме мерки кои значително би влијаеле на увозот на руска нафта, рече Борел.
По почетокот на руската воена интервенција против Украина, ЕУ усвои пет пакети санкции против поединци, организации, финансискиот и енергетскиот сектор во Русија. Сега се разговара за шестиот пакет санкции.
Како дел од финансиските санкции, седум руски банки беа исклучени од системот СВИФТ.