За 25 сантиметри е зголемен водостојот на реката Струмица кај Ново Село во однос на вчерашниот ден, а за 20 сантиметри на Вардар кај Велес, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Намалување на нивото денеска е забележано само на Вардар кај Скопје за три сантиметри.
Кај трите природни езера во земјава нема поголемо отстапувања во однос на вчерашните мерења.