Турција подготвува нов проект што ќе овозможи доброволно враќање на еден милион сириски бегалци во нивната земја, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

– ПРОЕКТОТ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА НАСКОРО СО ПОДДРШКА НА НАЦИОНАЛНИТЕ И МЕЃУНАРОДНИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ, РЕЧЕ ЕРДОГАН НА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА ИНАУГУРАЦИЈА НА НОВИТЕ КУЌИ ИЗГРАДЕНИ ВО ИДЛИБ ВО СЕВЕРНА СИРИЈА.

Ердоган присуствуваше на церемонијата преку видео-врска.

Тој рече дека „откако Турција ги започнала своите прекугранични операции во 2016 година, околу 500.000 Сиријци се вратиле во безбедните зони во северна Сирија“, пренесе Анадолија.