Предизвиците со кои се соочува Охрид, биле главна тема на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со шефот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, Клеменс Која.
Охридскиот градоначалник, како што соопшти општинската прес-служба, информирал за чекорите што ги превземаат во однос на спроведување на препораките на УНЕСКО, како и за начинот на функционирање на Локалната самоуправа.
– Заеднички беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува. Шефот на мисијата изрази подготвеност за давање поддршка во делокругот на нивното дејствување информира Општина Охрид.