На покана на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, присуствуваше на манифестацијата „Гази Баба за Гоце Делчев“ организирана во населеното место кое го носи името на македонскиот великан, визионер и револуционер Гоце Делчев.

Настанот беше посетен од голем број граѓани кои ја проследија културно уметничката програма. Ова чествување потврдува дека споменот на големиот хуманист, учител и борец за слобода на македонскиот народ никогаш нема да згасне – порача Арсовска.