Во Амфитеатарот во Струмица од денеска до 9 август со бројни филмски настани ќе се одржи 17 издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”.

Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции.

За отворањето денеска е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол“ на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови.

За затворањето на 9-ти август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Мотото на овогодишниот „Астерфест“ е „Светлините на астерот“, а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.