Денес Саемот на книга го одбележува 5. мај - Денот на македонскиот јазик, по тој повод ќе се одржи промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19.00 часот во Промотивниот центар во Арена Борис Трајковски.

На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев...

Саемот на книга трае до 9. мај со работно време од 10:00 до 20:00 часот.