НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павловиќ Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат Ирина Николаевна Аркадина Трепљова – Несрин Таир, Константин Гаврилович Треплов – Хакан Даци / Осман Али, Петар Николајевич Сорин – Џенап Самет, Нина Михајловна Заречна – Стефанија Начевска / Сузан Акбелге, Маша – Ебру Мусли, Борис Алексеевич Тригорин – Селпин Керим, Евгениј Алексеевич Дорн – Метин Ибрахим, Семјон Семјонович Медведенко – Неат Али.

Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.