Излезе од печат книгата „На иста адреса”, заеднички труд на роднокрајниот автор Христина Деолска и афористичарот Миле Ѓорѓијоски. Содржи избор од афоризми и поезија кои се карактеристични за опусот на двајцата автори.

-Со навлегување во неа читателот влегува во светот на зборовите со кои се плете чудесна и запрепастувачка плетенка од стихови и афоризми. И сигурно нема да биде губење време, запиша во својата рецензија проф. д-р Слободан Р. Мартиновиќ.

Ова е прва заедничка книга на тандемот Деолска-Ѓорѓијоски кои досега соработувале и при издавањето на многу други сопствени изданија.

Освен Мартиновиќ, рецензент на делото е Витомир Долински, а корицата е дело на карикатуристот Јордан Поп Илиев и на самата авторка Христина Деолска.