Заменик министерот за култура на Македонија, Даим Лучи денеска во Тирана беше примен од албанскиот претседател Илир Мета, на која фокусот било ставено заминувањето на младите и „можноста да најдат простор за градење на сигурна европска иднина во нивната земја".

– Денеска на братска средба го примив заменик министерот за култура на Македонија Даим Лучи. Го делиме истиот став дека мора да вложиме максимални напори за да ја спречиме болната појава на депопулација на албанските територии од младите луѓе, кои ги заслужуваат сите можности и простор за градење на сигурна европска иднина во своите земји, напиша Мета на својот фејсбук-профил.

Во овој контекст, како многу значајни Мета ги оценил иницијативите за зајакнување на културниот и националниот идентитет на Албанците, како и за натамошно зголемување на соработката меѓу две земји на сите полиња.

– Албанците во Македонија во последните децении се посветени на стабилноста и гарантирањето на нејзината евроатлантска интеграција, па затоа почитувањето на сите нивни слободи и права, според најнапредните европски стандарди е од суштинско значење.За сеопфатно продлабочување на многу добрососедските односи меѓу нашите земји, постои голем потенцијал, за поблескава иднина, напиша Мета по средбата.

Во Тирана, Лучи се сретна и со заменик-градоначалничката на Тирана, Ануела Ристани.

– Во Тирана бев пречекан од заменик-градоначалничката на Тирана, Ануела Ристани, по повод отворањето на 17-то издание на Меѓународниот фестивал „Ритет Пранвероре" кој се организира под покровителство на градоначалникот на Тирана, мојот пријател Ерион Велиај, напиша Лучи на Фејсбук.