Во Галерија „КО-РА“ денеска беа отворени две изложби по повод 9 мај – Денот на Европа.

Првата изложба насловена „Нашата визија за Европа“ беше отворена во големиот салон на Галеријата.

Учество земаа над 20 учесници од земјава и странство.

-Своите визии ги интерпретаираа на најразнороден начин, со што пред се беше доловена творечката слобода која е една од важните придобивки на современото опшетство и ориентацијата која ја имаат сите граѓани на земјите членките на Европска Унија, велат од Галерија „КО-РА“.

Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ од денеска отворена е изложбата на накит на Санда Миева на која младата уметница се претставува со дизајн на накит во разнородни техники, каде доминираат стилизираните геометриски форми,преточени во разнородна игра на елементи и структури повеќе геометризирани, но и инспирирани од природта, од флората и фауната, посебно од листот и пеперугата.