Раст од 23 отсто на бројот на политички мотивирани кривични дела бележи Германија во 2021, за разлика од претходната година, соопшти денеска сојузната криминална полициска канцеларија, јави ДПА.
Над 55.000 кривични дела со политичка заднина се евидентирани во Германија во текот на годината. Растот е најголем за дела што полицијата не може да ги припише на конкретна идеологија.
Според податоците, 21.339 кривични дела се извршени од осомничени, кои не се класифицирани ниту како десничарски, левичарски, исламисти, или поддржувачи на странска идеологија.
Причината за ова е растот на кривични дела извршени како спротивставување на државните мерки за спречување на пандемијата од коронавирусот.
Бројот на кривични дела против државата и нејзините претставници, исто така, забележа остар раст. Полицијата регистрираше над 14.000 такви кривични дела, што е раст од речиси 51 отсто.
Речиси три четвртини од прекршоците против официјални лица или против избрани претставници, вклучуваат осомничени кои од полицијата, не можат да бидат поврзани со било каква идеологија.
Според наведеното, најголем дел од кривичните дела се извршени од десничарски екстремистички сторители. Полицијата наведе нешто помалку од 22.000 такви случаи, намалување од само под седум проценти.
Околу 10.000 им се припишани на левичарски екстремисти – околу 7.8 отсто помалку, во споредба со претходната година.