Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск денеска најави дека ќе го одблокира налогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Мислам дека не беше исправно да се забрани Доналд Трамп. Мислам дека тоа беше грешка бидејќи отуѓи голем дел од земјата и на крај не доведе до тоа Доналд Трамп да нема глас“ – рече Маск, цитирајќи ја новата технолошка платформа што ја покрена Трамп – Truth Social.