На меѓународната донаторска конференција во вторникот во Брисел беа собрани 6,7 милијарди долари за Сирија и соседните земји и покрај, како што рече шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, „одредениот замор“ од тој конфликт, кој влезе во својата 12-та година. Конференцијата собра 55 земји, не вклучувајќи ја Русија.
ОН поставија цел да соберат 10,5 милијарди долари помош за Сирија и соседните земји оваа година.
Од ветените средства во вторникот, 6,1 милијарди се наменети за бегалците, барателите на азил и бездомниците.
„Не го заборавивме сирискиот народ и ситуацијата во Сирија. Се разбира, Сирија и страдањата на нејзиниот народ можеби повеќе не се меѓу насловите. Постои одреден замор по 11 години, рече Борел.
Тој предупреди дека речиси сите Сиријци сега живеат во сиромаштија.
Според ОН, повеќе од 6,9 милиони луѓе се раселени поради војната во Сирија, а повеќе од 6,5 милиони се во странство, од кои 5,7 милиони се во соседните земји во регионот.