Во штипската библиотека ,,Гоце Делчев” по повод Денот на мајката беше претставена изложба на камени куќи кои ги изработија членови на Здружението на Хрвати „Либертас“ во Штип. Беше промовирана и поетска збирка на авторката Љерка Тот Наумова по потекло од Хрватска, која живее во Скопје. Промотор на книгата беше Кирил Панајотов, а стихови читаше Соња Чресловник.

За изложбата на камени куќи од поднебјето на Хрватска, поточно Далмација, се осврна Виолета Калиќ, виш советник за визуелни уметности во Галерија „КО-РА“ во Скопје.

Со изведба на песни за мајката испеани на хрватски јазик, настанот го збогати Градскиот хор 2019.