Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес денеска ја осуди одлуката на Турција да не се приклучи на европските санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.
-Трите земји поврзани со Европската унија мора да ја усогласат својата надворешна и безбедносна политика со Европа, рече Анастасијадес на прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој се наоѓа во официјална посета на пваа островска држава.
„Меѓу другото, мислам на Турција. Нејзината одлука да не ги почитува европските санкции е за осуда“, рече кипарскиот претседател, нагласувајќи дека Анкара го намалува влијанието на мерките.
Турција дели поморска граница со Русија и Украина во Црно Море и одржува добри односи со двете земји.
Таа ја нарече руската инвазија неприфатлива и повика на итен прекин на огнот, но не воведе санкции кон Русија.
Анастасиадес, ветеран на кипарската и европската политика, кажа дека е јасно дека санкциите ќе бидат на штета на европската економија, но дека негативното влијание не треба да биде поголемо отколку врз руската економија.
-Затоа санкциите мора да имаат цел, рече тој.
Кипарскиот претседател рече дека Европа не смее да го изгуби од вид проблемот на Кипар и окупацијата на северот на островот, што е „исто така европски проблем“.