Најмалку седум војници се убиени, а двајца се водат како исчезнати во Нигерија, откако се нападнати од заседа додека патролирале во источната држава Тараба. Информацијата е објавена од странски медиуми, кои се повикуваат на воени извори.
Нападот се случил синоќа, а бригадниот генерал и неговиот помошник се исчезнати.
Моментално во тек е операција за потрага и спасување.
Досега, никој не презеде одговорност за нападот.
Минатиот месец, најмалку три лица загинаа, а над 30 беа повредени во два бомбашки напада во Тараба. Одговорност презеде Исламска држава.