„Молдавијагас“ денеска соопшти дека земјата не е засегната од одлуката на Киев да го прекине транзитот на гас од Русија по важна рута.
– Се е во ред. Не добивме никакви предупредувања од нашиот добавувач „Гаспром“ за можен прекин на испораката на гас, изјави портпаролката на „Молдавијагас“.
Таа додаде дека Молдавија моментално добива доволно гас.