Русија има доволно купувачи на енергенти надвор од кругот на западните земји, а Западот ќе мора да им објасни на своите граѓани зошто стануваат посиромашни, изјави денеска шефот на руската дипломатија.

– Имаме доволно купувачи на нашата енергенти, ќе работиме со нив. Западот сега нека плаќа многу повеќе отколку што и плаќаше на Руската Федерација и да му објасни на своето население зошто станува посиромашно, рече Лавров на прес-конференција за западните санкции, пренесува руската агенција ТАСС.