Во Пехчево отворена „Ретроспективна изложба цвеќе” подготвена од Домот за млади и деца „Благој Мучето” од Струмица. Изложбата е во организација на Домот за култура „Јане Сандански”, а на неа се поставени уметнички дела изработени од ученици од основните училишта во Македонија.

-Чест и задоволство ни беше да бидеме домакини и да ги пречекаме гостите од Струмица, да споделиме искуства и мислења за понатамошна соработка со двете институции. Овде имаме 14 прекрасни дела од повеќе млади уметници од Македонија кои заслужуваат да бидат видени од љубителите на уметноста од нашиот град, рече Валентина Веселинска, директорката на Домот на култура од Пехчево.

Изложбата како што додадоа од пехчевскиот Дом на култура ке биде посетена и наредните денови од ученици и наставници од основното и средното образование.

На отворањето на изложбата во присуство на младите беше одржан и едукативен час од страна на директорката на Дом за деца и млади „Благој Мучето” Струмица, Светлана Мазгаловска Вучетиќ.