Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, во соработка со Општинската организација на Црвен крст распишаа награден литературен конкурс на тема „Сите сме исти”. Конкурсот е за поезија и проза и се реализира во рамки на проектот за промоција на хуманите вредности (ПХВ).

-Право на учество имаат сите жители на Делчево, вклучително и ученици од средното и основните училишта во градот, информираа од Јавната локална библиотека „Илинден“.

Творбите со име и презиме и телефон за контакт, како што напоменаа, треба да се достават до Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, најдоцна до 31 мај 2022 година.

Претходно како што додадоа од Општинската организација на Црвен крст во рамки на проектот за промоција на химаните вредности (ПХВ) беа спроведени неколку хуманитарни активности со цел поддршка на социјално-загрозени семејства.