Млади тиквешани организираа изложба на фотографии кои говорат за македонската култура.

Настанот беше реализиран синоќа во Музеј на град Неготино. Пред присутните беше кажано дека млади од кавадаречка и неготинска општина, твореле во текот на изминатите четири месеци. Во неколку наврати учеле за фотографијата и професионалното фотографирање. Нивни едукатори биле младинските работници Ѓорѓи Лазов и Мартина Јачевска.

-Младите учесници во проектот се стекнаа со нови знаења околу фотографството, но и со знаења и искуства во полето на неформалната едукација и волонтерството, како и со вештини за организирање на настани од јавен карактер, беше посочено при отварањето на изложбата.

Во рамки на проектот, чии организатори се Сојузот за младинска работа и Неготинскиот музеј, била реализирана и креативна, интерактивна и едукативна работилница, во која биле вклучени и лица со попреченост.